ФИФА РАНГ-ЛИСТА ЈУНИ 2022

Бразил и натаму прв, Македонија падна две места на ФИФА ранг-листата

Филип Здравески
/ 23.06.2022 / 14:41

Високиот домашен пораз од Гризија ја чинеше македонската фудбалска репрезентација пад од две места на најновата ранг- листа на ФИФА на која и натаму лидер е Бразил, а во топ 3 влезе Аргентина.

Македонските фудбалери одиграа 4 натпревари изминатиот период и забележаа 2 победи (2:0 и 4:0), но и двете против слабиот Гибралтар. Ремизираа 1:1 со Бугарија, репрезентација која исто така има послаб рејтинг од нас, а загубија со високи 3:0 среде Скопје од Грузија, уште една послаборангирана репрезентација. Оттаму и нашиот рејтинг назадуваше, имаме 5,87 поени помалку од априлскиот рејтинг и паднавме две места, па сега сме на 64. место.

На врвот и натаму лидер е Бразил, пред Белгија, додека има промена на 3. место. Во топ 3 сега се најде Аргентина која ја истисна Франција благодарение на лошите резултати на Французите. А, пак, во топ 10 се врати Германија на сметка на Мексико.

URL

Најголем скок на јунскиот ранкинг забележа Казахстан кој рипна 11 места, но и натаму е над стотката (114. место). Казахстанците изненадија многумина со двете победи над Словачка, па поради тоа собраа и најмногу поени од сите - 31,51. Добар скок запиша и Куба која се искачи 10 позиции и сега е на 167. место.

Најголем пад запишаа Египет (40. место) и Непал (176.) кои назадуваа за 8 места, додека најмногу поени загуби Мјанмар, дури 32,65 (158. место).

реклама

Како изгледа балканско семејство на плажа?

Read more

Шест љубовни парови создадени еден за друг

Read more

Како да ја оживеете намалената желба за секс?

Read more

25 јуни 1876, Индијанците ја поразиле американската војска кај Литл Бигхорн

Read more

Фудбал

Македонските фудбалерки го совладаа Косово

Read more

Руни го напушти Дерби Каунти

Read more

ПСЖ објави колку заработи на Меси - бројките се неверојатни

Read more

Познат распоредот за новата сезона во Серија А: Кога се големите дербија?

Read more
 

Спорт

Македонските фудбалерки го совладаа Косово

Читај повеќе

Руни го напушти Дерби Каунти

Читај повеќе

Лејкерс потпишаа договори со синовите на Шекил О'Нил и Скоти Пипен

Читај повеќе

Ѓоковиќ против Кореецот Куон на стартот на Вимблдон

Читај повеќе

ПСЖ објави колку заработи на Меси - бројките се неверојатни

Читај повеќе

Познат распоредот за новата сезона во Серија А: Кога се големите дербија?

Читај повеќе
  • play_arrow

Ботас сабајлево го разбуди Милано

Читај повеќе

Роналдо му постави ултиматум на Јунајтед

Читај повеќе

ФИФА промени две важни правила за бројот на играчи за Светското во Катар

Читај повеќе