ЛЕТНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ ТОКИО 2020

Бразил со победа над Германија го почна фудбалскиот турнир во Токио

Австралија ја шокираше Аргентина, Мексико ја преслуша Франција, Египет ја сопре Шпанија, додека на победа се израдува домаќинот Јапонија.

Дербито на првиот ден од фудбалскиот турнир на Олимпијадата во Токио мина во знакот на пресметката помеѓу Бразил и Германија. Бразилците почнаа фуриозно и веќе по половина час игра имаа убедливо водство од 3:0 благодарение на хет-трикот на Ришарлисон. Пред паузата можеше да биде и 4:0, но Маркос Куња не успеа да реализира од белата точка откако герамнскиот голман Флориан Милер одбрани.

Во вториот дел Германија се врати во игра со голот на Надим Амири, но потоа Максимилиан Арнолд поради два жолти ги остави своите соиграчи со десетмина. И со играч помалку во 83. минута Германците дојдоа до 3:2 со погодокот на Рагнар Аче, но во судиското надополнување Паулињо ги постави конечните 4:2.

Фаворитот за златото Шпанија потклекна на првиот натпревар не успевајќи да дојде до планираните три бода против Египет кој оддолеа и се избори за 0:0.

Аргентина почна лошо шокирајќи ја својата фудбалска јавност откако загуби со 2:0 од аутсајдерот Австралија. Лахлан Велс во 14. минута го најави шокот, потоа Франсиско Ортега доби црвен картон, па на 10 минути пред крајот Марко Тилио го дуплираше водството.

Мексиканците со 4:1 ја декласираа Франција. Откако првиот дел заврши без голови Алексис Вега и Себастиан Кордова погодија за Мексико пред ветеранот Андре-Пјер Жињак од пенал да ги врати Французите во игра. Тоа само го разлути Мексико кој преку Уриел Антуна и Едуардо Агире додаде уште два гола.

Домашната репрезентација на Јапонија со минимални 1:0 ја совлада Јужна Африка благодарение на голот на Такефуса Кубо во 71. минута.

Резултати:

Група А
Мексико - Франција 4:1
Јапонија - Јужна Африка 1:0

Група Б
Хондурас - Романија 0:1
Нов Зеланд - Јужна Кореја 1:0

Група Ц
Аргентина - Австралија 0:2
Египет - Шпанија 0:0

Група Д
Брег на Слонова Коска - Саудиска Арабија 2:1
Бразил - Германија 4:2

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Фудбал

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Read more

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Read more

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more
 

Спорт

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Читај повеќе
  • play_arrow

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Читај повеќе

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе