ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Бразилците подготвени да ѝ танцуваат на Хрватска за секој постигнат гол

Фудбалерите на бразилската репрезентација заедно танцуваат на теренот откако ќе постигнат голови на Светското првенство во Катар.

На натпреварот против Јужна Кореја им се приклучи дури и селекторот Тите. Не им се допадна на сите, па дури имаше и критики дека ваквото славење на голови го понижува противникот.

„Оние кои не го сакаат нашиот танц ќе имаат проблем, бидејќи ние ќе продолжиме да танцуваме и не ни е гајле“, изјави бразилскиот напаѓач Рафиња, пренесува ESPN. Т

Бразилците имаат широк репертоар на танци, а кореографијата ја вежбаат на тренинзи.

Песните и танцовите ги наоѓаат на социјалните мрежи. За да бидат добро координирани во танцувањето задолжени се Нејмар, Винисиус, Рафиња и Лукас Пакета.

Подготвен е настапот за Хрватска

„Во осминафиналето на првиот гол против Јужна Кореја танцувавме Pagodao do Birimbol, музика на Os Quebradeiras со продукција на Machades, која е најслушана содржина на TikTok во моментов, а против Хрватска игравме на Warm up Senta Senta Suave, песна на пејачот Буарк, пријател на Винисиус Јуниор, во соработка со Кевин О’Крис“, откри Пакета.

Бразил е фаворит на Мундијалот од почетокот на натпреварувањето. Од досега одиграните четири натпревари имаат три победи. Тие загубија само во последното коло од групната фаза, кога втората постава играше против Камерун.

Хрватска и Бразил играат во четвртфиналето в петок од 16 часот.

Тагови
реклама

Финансиски хороскоп за февруари: За кој знак е поволно време за почнување бизнис?

Read more

Што се случи со Месут Озил?

Read more

Кои се најчестите повреди за време на секс?

Read more

Археолози ја открија првата кафеана во светот – стара е 5.000 години

Read more

Фудбал

Што се случи со Месут Озил?

Read more

Дали пропадна сонот на Ибра да ја освои ЛШ?

Read more

L'Equipe: Мбапе го пропушта натпреварот на сезоната

Read more

Јуве може да остане без уште 20 бода и да испадне од лигата

Read more
 

Спорт

Што се случи со Месут Озил?

Читај повеќе

Дали пропадна сонот на Ибра да ја освои ЛШ?

Читај повеќе

Валкана НБА тепачка

Читај повеќе
  • play_arrow

Нов трипл-дабл за Јокиќ, солидна ноќ за Дончиќ кој се повреди

Читај повеќе

Кирјос призна дека ја нападнал поранешната девојка

Читај повеќе

L'Equipe: Мбапе го пропушта натпреварот на сезоната

Читај повеќе

Јуве може да остане без уште 20 бода и да испадне од лигата

Читај повеќе
  • play_arrow

По 34 години, се враќаат местата за стоење на Вембли

Читај повеќе
  • play_arrow

ФИФА сѐ повеќе го американизира фудбалот

Читај повеќе