Бразилскиот тренер-силувач осуден на 109 години затвор

Случајот со бразилскиот селектор Фернандо де Карваљо Лопес ги шокираше сите во Бразил, но и ширум светот, откако беше прогласен за виновен за силување на четири спортистки, за што беше осуден на 109 години и осум месеци затвор.

Случајот беше откриен во 2018 година и тој конечно беше осуден по сексуалната злоупотреба на четири спортистки, од кои едната е малолетна. Но, тоа не беа единствените обвинувања, бидејќи повеќе од 40 спортистки и жени открија дека Лопес ги злоставувал меѓу 1999 и 2016 година.

Според весникот Глобо Еспорте, една од жртвите имала само 13 години кога на родителите им кажала што ѝ се случило во гимнастичкиот тим во 2016 година. Кога се прошири веста за нападот, се јавија уште седум лица, некои како сведоци, а други како жртви, иако случајот беше на маса повеќе од две години.

URL

Тоа беше во 2018 година, а по повеќемесечна истрага, околу 40 лица излегоа да го тужат поранешниот тренер за сексуална злоупотреба, поради што Вишиот спортски суд му забрани да се занимава со гимнастика.

Но, Карваљо Лопес, кој беше исфрлен од репрезентацијата на Бразил еден месец пред Олимпијадата во Рио во 2016 година, инсистира дека е невин и ќе поднесе жалба на пресудата, па му е дозволено да остане на слобода за време на жалбената постапка.

Во пресудата, судијката Фернанда Алвес да Роча наведе дека по докажаните злосторства врз четирите жртви, вкупната казна е 109 години и осум месеци затвор. Таа додаде дека тој е осуден на затворска казна поради сериозноста и суровоста на кривичното дело кое обвинетиот го сторил подолг временски период, во кое го користел својот статус на тренер и авторитетот што го имал.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Останати спортови

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more
 

Спорт

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе