Филм & ТВ

Бред Пит го возвраќа ударот: Анџелина манипулира со медиумите

9. август 2018 - 11:21 | А.С.

Американскиот актер Бред Пит одговори на тврдењата на неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли дека не плаќал алиментација за нивните деца.

Адвокатите на Пит вчера пред судот рекоа дека актерот платил најмалку 1,3 милиони долари во трошоци за децата и дека ѝ позајмил на Џоли 8 милиони долари за да ѝ помогне да купи куќа.

Ден претходно, адвокатите на Џоли поднесоа судски документи во кои стои дека  Пит нема платено „значителна алиментација“ откако таа поднесе барање за развод во 2016 година.

Двојката беше заедно од 2005 година, а се венча во 2014.

Адвокатите на Пит во неговите документи наведуваат дека тврдењата на Анџелина се „провидни обиди да се манипулира со медиумите“.

Тимот на Џоли засега нема реакција на одговорот на Пит.

Џоли поднесе барање за развод, како причина наведувајќи „непомирливи разлики“, а потоа почна жестока борба за старателство над нивните шест деца.

Коментирај