Филм & ТВ

Бред Пит и Џенифер Анистон беа хит на доделувањето на SAG наградите

20. јануари 2020 - 16:08 | А.С.

Најверојатно нема друга поранешна холивудска двојка за која обожавателите повеќе навиваат за да биде пак заедно.

На 26. доделување на наградите на Здружението на филмски актери (SAG) Бред Пит и Џенифер Анистон им дадоа доволно материјал за шпекулирање и надеж.

Пит ја освои наградата за најдобар актер во споредна улога за Once Upon a Time…in Hollywood, а потоа Анистон доби награда за нејзината улога во драмската серија The Morning Show.

Пит во тој момент не беше во салата, но се појави видео од бекстејџ на кое се гледа како е застанат пред еден од телевизорите и хипнотизирано го следи говорот на Анистон.

А фотографите беа на вистинското место кога поранешните брачни партнери се сретнаа на свеченоста:

Тоа не беше сѐ. Во неговиот говор за примање на наградата, Пит не можеше да одолее и да не го спомне разводот од една друга бивша сопруга, Анџелина Џоли.

Откако ја прими наградата, прво искоментира: „Морам ова да го додадам на мојот профил на Tinder“, алудирајќи дека ја користи апликацијата за наоѓање партнери.

Иако милиони жени се надеваат дека ќе налетаат на неговиот профил на Tinder, тоа секако беше само шега.

Но, шегите не запреа тука. Пит им се заблагодари на „Лео, Марго Роби, стапалата на Марго Роби, стапалата на Маргарет Квејли и стапалата на Дакота Фенинг“.

Потоа го спореди својот живот со животот на неговиот лик и со тоа ја насмеа цела сала.

„Да бидеме искрени. Ова беше тешка улога. Тип кој се дрогира, ја соблекува маицата и не е во добри односи со жена му. Огромна разлика од мене. Огромна“, рече Пит и сам си се насмеа на шегата.

Коментирај