19.септември 2019
Бред Пит разговараше со астронаут во Меѓународната вселенска станица
„Ало, Хјустон, тука е Бред.“
Во време кога НАСА се подготвува да ја прати првата жена и следниот маж на Месечината до 2024 година, со програмата Артемис, актерот Бред Пит имаше можност да разговара со астронаутот Ник Хејг кој е сместен во Меѓународната вселенска станица и да му постави неколку прашања.
Пит игра астронаут во најновиот филм „Ad Astra“ во кој неговиот лик ќе открие тајни кои го доведуваат во прашање човечкото постоење, како и нашето место во вселената. Овој научно-фантастичен трилер е сместен во иднината, а Рој ќе се обиде да го пронајде својот исчезнат татко, легендарниот астронаут, кој го игра Томи Ли Џонс.
-->
Коментирај