Иако низ годините играл во многу познати филмови кои оставија неизбришлива трага во популарната култура, Бред Пит изјави дека само еден филм засекогаш му го променил животот на неочекуван начин.
Станува збор за воен филм Fury од 2014 година, во режија на Дејвид Ајер, режисер на филмовите Training Day и The Fast and the Furious.
Fury, чие дејство се одвиква во април 1945 година, ја следи неискусната посада на тенкот Шерман, предводен од командантот Дон Wardaddy Колиер (Пит). Петчлената посада е на опасна мисија која бара од нив да ги преминат непријателските линии и да се пробијат во срцето на нацистичка Германија.
Војниците предводени од Wardaddy ги глумеа Шаја Лебаф, Логан Лерман, Мајкл Пења и Џон Бернтал.
Кога го промовираше филмот на европските фестивали, Пит зборуваше за своето искуство на снимањето. Тој откри дека останатите членови на актерската екипа гледале на него како на лидер и сите тие емотивно се врзале за тенкот во кој поминувале многу време за време на снимањето. Пит дури одбивал да се симне од тенкот за време на паузите.
Но, особено влијание врз него оставија односите што ги создаде со неговите колеги актери, пишува Far Out.
„Научив многу од овој филм. Сите го напуштивме сетот збогатен со нови искуства“, изјави еднаш актерот.
Пит, исто така, чувствува дека подобро ги разбира искуствата на војниците за време на Втората светска војна и се надева дека филмот ќе им оддаде почит на вистинските воени ветерани.
„Овој филм е за исцрпеноста на војниците поради студ, глад и сè друго што тие секојдневно го доживувале. Ние тоа го сфативме сериозно. Се надевам дека војниците ќе се чувствуваат препознаени откако ќе го погледнат филмот“, изјави актерот.
Но, од улогата на командант на тенкот, тој не очекуваше дека филмот ќе го научи како да биде подобар татко.
„Оваа улога е вистинска студија за лидерство и како да се стекне почит, и сега сум подобар татко поради тоа.“
И покрај изјавата за татковството на актерот, Пит е опкружен со многу контроверзии откако беше обвинет за вербално и физичко малтретирање на семејството за време на лет во 2016 година, а во целиот случај се вклучи и ФБИ.
Во Холивуд кружат гласини дека неговите деца, кои ги има со поранешната сопруга Анџелина Џоли, го прекинале контактот со него штом станале полнолетни. Годинава беше потврдено и дека неговите ќерки Шајло Нувел Џоли и Вивиен Маршелин Џоли побарале промена на презимето, бидејќи повеќе не сакале да го носат презимето на нивниот татко.
Пит и Џоли започнаа развод во 2019 година, кој сè уште не е завршен.