Холивудскиот актер Бредли Купер проговори за проблемите со зависноста со кои се борел на почетокот од кариерата.
Тој гостуваше во новата епизода „Running Wild With Bear Grylls“ каде со познатиот авантурист разговараше за животните предизвици и здравствените проблеми.
Глумецот, помеѓу другото, наведе дека славата и целиот свет на забавната индустрија влијаел на него низ повеќе од дведецениската кариера.
Купер на водителот Беар Грилс во еден момент за време на гостувањето му рече дека не се изгубил во славата, што го натера Грилс да го праша: „Но, ти дефинитивно имаше луди години?“
„Што се однесува до алкохолот и дрогата, да. Но, тоа нема врска со славата“, одговори Купер, додавајќи: „Имав среќа. Се отрезнив на 29 години, а трезен сум веќе 19 години. Имав многу среќа“.
Откри и дека се борел со зависноста од кокаин во раните години од кариерата и дека со тоа се обидувал да го решил проблемот со ниската самодоверба, додека истовремено бил изгубен и чувствувал како кариерата му пропаѓа. Сепак, од тој период помина многу време.