Бредли Купер во својот нов филм „Maestro“ го глумеше познатиот американски композитор, пијанист и диригент Ленард Бернстин и откри како со години се подготвувал за улогата.
Актерот откри дека за сцената во која Бернстин диригира со Лондонскиот симфониски оркестар вежбал неверојатни 6 години, а за подобро да навлезе во својот лик го запознал и семејството на композиторот.
За време на гостувањето во шоуто на Стивен Колберт, Купер откри дека толку се зближил со децата на Бернстин, што решиле заедно да го поминат Денот на благодарноста во Фарфилд, во семејната куќа на Бернстин.
Инаку, одредени сцени се снимале во семејната куќа на композиторот, а децата на Бернстин му ја позајмиле на актерот облеката на својот татко за сѐ да биде што поверодостојно.