Холивудскиот актер Бредли Купер ги изненади своите обожаватели откако беше виден како работи во центарот на Њујорк како продава сендвичи.
Купер правеше и продаваше сендвичи на маркетот „West Village“, со помош на Дени ДиЏампјетро и Сет Браунстин од пицеријата „Angelo's“.
Оваа пицерија се наоѓа во неговиот роден град Филаделфија, па Купер решил да ги засука ракавите и да поработи во камионот за храна „Danny and Coop's Cheesesteaks“. Сето тоа за хуманитарни цели.
ДиЏампјетро ги објави деталите на своите профили на социјалните мрежи и истакна дека Купер е „природен талент“ за бизнисот со брза храна.
Се појавија и некои познати пријатели на популарниот актер, а тоа се Лора Дерн, Џиџи Хадид со која Купер е романтично поврзан, како и неговата поранешна партнерка Ирина Шајк.
Сендвичите чинае 10 долари, а сите собрани средства ќе одат во хуманитарни цели, односно во храна за оние на кои им е потребна.