Брегзит ја чини Британија 100 милијарди фунти годишно поради изгубеното производство

Брегзит го чини Обединетото Кралство 100 милијарди фунти годишно (околу 124 милијарди долари) поради изгубеното производство, проценуваат експертите и додаваат дека британскиот БДП би бил 4% поголем доколку Обединетото Кралство останеше во ЕУ.

Ефектите од Брегзит опфаќаат сè, од деловни инвестиции до способност на компаниите да ангажираат работници, објави Блумберг по повод утрешната трета годишнина од излезот на Обединетото Кралство од Европската Унија.

Како што се наведува, деловните инвестиции се послаби, а недостигот на работна сила е сè поакутен проблем.

Економистите Ана Андраде и Ден Хансон веруваат дека економијата е 4% помала отколку што би можела да биде, при што деловните инвестиции значително заостануваат, а недостигот од работници во ЕУ се зголемува.

– Дали Обединетото Кралство изврши чин на економско самоповредување кога гласаше за напуштање на ЕУ во 2016 година? Досегашните докази продолжуваат да сугерираат дека е така, изјавија Андраде и Хансон.

Тие исто така додаваат дека главниот заклучок е дека прекинот со единствениот пазар можеби се одразил на британската економија побрзо од очекуваното.

Податоците ги демантираат тврдењата на британскиот премиер Риши Сунак дека Брегзит е „огромна можност“ за Обединетото Кралство што почнува да се остварува, бидејќи прекинот на врските со ЕУ ѝ овозможува на Британија да создаде слободни пристаништа за да ја поттикне трговијата и да ги реформира правилата за финансиски услуги во корист на банките во лондонски Сити.

реклама

Од бизнисмен до командант: Милијардер ја формира најефикасната единица во Украина

Read more

Што му носи првата млада Месечина во 2026 на вашиот хороскопски знак?

Read more

Ново мапирање откри древни планини, езера и реки под ледената покривка на Антарктикот

Read more

Што се случува со вашиот крвен притисок кога пиете кафе секој ден?

Read more

Свет

Спроведена симулација: Кој би победил во војна меѓу САД и ЕУ?

Read more

Каков одговор планира ЕУ за Трамп во врска со Гренланд?

Read more

Поплави во Австралија, евакуации во Сиднеј

Read more

САД убија терорист поврзан со смртта на тројца Американци во Сирија

Read more
 

Вести

Спроведена симулација: Кој би победил во војна меѓу САД и ЕУ?

Читај повеќе
18 јануари 1862, починал Константин Миладинов

18 јануари 1862, починал Константин Миладинов

Читај повеќе

Левица: Синот на газдата на „Пулс“ поднел тужба против осум лица за кршење на кафулето „Класик“

Читај повеќе

Каков одговор планира ЕУ за Трамп во врска со Гренланд?

Читај повеќе
  • play_arrow

Поплави во Австралија, евакуации во Сиднеј

Читај повеќе

САД убија терорист поврзан со смртта на тројца Американци во Сирија

Читај повеќе

Од бизнисмен до командант: Милијардер ја формира најефикасната единица во Украина

Читај повеќе

Храна со истечен рок, лоши хигиенски услови, недостиг на санитарни книшки затекнаа инспекторите во маркетите низ државата

Читај повеќе

Променливо облачно време со дожд и снег, нов бран врнежи од вторник

Читај повеќе