Свет

Брегзит: Трета шанса за одложување на повидок

12. јули 2019 - 8:26 | МИА

На Велика Британија може да ѝ се даде уште еден рок, што значи дека Брегзит може да биде одложен и по трет пат, изјави Урсула фон дер Лајен, кандидатот за нов претседател на Европската комисија, пишува денеска весникот „New Europe“.

-Доколку на Велика Британија ѝ треба уште време мислам дека треба да ѝ го дадеме, рече германската политичарка за време на нејзиното сослушување во Европскиот парламент.

„Иако се надевам дека ќе останете, во наш интерес е да ги надминете своите проблеми. Имаме спогодба што беше потпишана и од двете страни, што ни го дава тоа покритие.

-Сметам дека е тоа добар договор, но од вас зависи и ваша задача е јасно да ги кажете  ставовите, категорична е Фон дер Лајен.

Коментирај