Ракомет

Брестовац ќе ротира 23 ракометари против Турција и Грузија

8. октомври 2019 - 16:07 | Кајгана/МИА
Скопје, 8 октомври 2019 (МИА) – Селекторот на машката сениорска репрезентација, Данило Брестовац, денеска го објави списокот од 23 ракометари кои ги повика за претстојниот собир и настап на пријателските натпревари во рамки на ЕХФ неделата.

ЕХФ неделата ќе се одржи од 21 до 27 октомври, во рамки на подготвителниот период за настап на Европското првенство 2020 во Австрија, Шведска и Норвешка. Македонската репрезентација ќе одигра дуели со Турција и Грузија.

Брестовац повика 23 ракометари, меѓу кои од поискусните ги нема пикерите Стојанче Стоилов (повреден) и Велко Маркоски, крилото Гоце Георгиевски и голманот Никола Митревски. 

Повикани ракометари:

Мартин Томовски - Фризенхајм, Германија
Марко Кизиќ - Вардар
Димитар Димитриоски - Вардар
Бојан Маџовски - Еурофарм Работник
Мартин Поповски - Пролет
Ненад Костески - Загреб, Хрватска
Дарко Димитриевски - Синфин, Шпанија
Дејан Кукуловски - Вардар
Михајло Младеновиќ - Металург
Марио Танкоски - Металург
Горан Крстевски - Линц, Австрија
Марко Мишевски - Гренобл, Франција
Томислав Јагуриновски - Металург
Мартин Серафимов - Металург
Жарко Пешевски - Штутгарт, Германија
Филип Арсеновски - Металург
Милан Лазаревски - Металург
Борко Ристовски - Бенфика, Португалија
Дејан Манасков - Веспрем, Унгарија
Филип Талески - Балинген-Вајлштетен, Германија
Филип Кузмановски - Магдебург, Германија
Кирил Лазаров - Нант, Франција
Никола Маркоски - Еурофарм Работник

Коментирај