Ракомет

Брестовац одбра 19 ракометари за турнирите во Србија и Романија

10. декември 2019 - 17:13 | Ф.З.

Подготвувајќи се за претстојното ЕУРО македонската машка ракометна репрезентација месецов ќе учествува на два интернационални турнири.

Прво на 25 и 26 Македонија ќе одигра двапати против Кувајт на турнирот во Стара Пазова во Србија, а веднаш потоа продолжува во соседна Романија на „Трофеј Карпати каде во полуифиналето ги чека дуел со Алжир.

Селекторот Данило Брестовац селектираше состав без најдобрите играчи сакајќи шанса да се докажат да им даде на помладите ракометари.

Турнир во Србија:

25-ти (среда), 19:00 часот:
Македонија – Кувајт

26-ти (четврток), 19:00 часот:
Македонија – Кувајт

Трофер Карпати:

28-ми (сабота), 16:00 часот:
Македонија – Алжир

28-ми (сабота), 18:00 часот:
Романија – Холандија

29-ти (недела), 16:00 часот:
натпревар за 3-то место

29-ти (недела), 18:00 часот:
финале

Повикани играчи:

Голмани:
Никола Митревски - Еурофарм Работник
Марко Кизиќ - Вардар

Бекови:
Мартин Велковски - Еурофарм Работник
Велко Маркоски - Металург
Марио Танкоски - Металург
Горан Крстевски - Линц, Австрија
Мартин Серафимов - Металург
Дарко Димитриевски - Синфин, Шпанија
Марко Мишевски - Гренобл, Франција
Дарко Георгиевски - Анжер, Франција
Мартин Манасков - Охрид

Крила:
Димитар Димитриоски - Вардар
Ненад Костески - Загреб, Хрватска
Мартин Поповски - Пролет
Томислав Јагуриновски - Металург
Бојан Маџовски - Еурофарм Работник

Пикери:
Никола Маркоски - Еурофарм Работник
Костадин Петров - Гуадалахара, Шпанија
Михаил Аларов - Пролет

Собирот е на 20-ти (петок) во хотелот Александар Палас во 13 часот.

Коментирај