Идните невести ќе имаат шанса да ги видат најубавите венчални фустани на седмиот Bridal Fashion Night закажан на 4 февруари, во Скопје Мериот хотел.
Од организацијата ги повикуваат сите идни невести на настанот каде ќе имаат можност од блиску да се запознаат со најновите креации на невестински фустани на модните дизајнери, целосна организација на венчавки од тимот на Скопје Мериот.
На вечерта посветена на овој посебен ден за секоја невеста, ќе ги видиме најновите креации на Анна Бора Ателјер, Минна Фешн, Marie Antoinette, Матронс и JZJ by Zlatko Jovanovski – Couturier со колекцијата JZJ The Great.
Идните невести кои сакаат да присуствуваат на настанот треба да испратат име и презиме, возраст, места кои ги имаат земено предвид за организирање на свеченоста, датумот на свадбата, како и кратка верзија на нивната љубовна приказна на ОВОЈ ЛИНК најдоцна до 1 февруари. Бројот на места е ограничен, а ко биде потврдено вашето учество, ќе имате прилика да присуствувате на настанот со уште еден гостин.