НБА 2022/2023

Брилијантниот Кари приреди шоу, Голден Стејт направи голем пресврт

Голден Стејт Вориорс на свој паркет го победи Њу Орлеанс Пеликанс со 120:109, благодарение на одличната партија на Стеф Кари кој изброја до 39 поени.

Вориорс дојдоа до победата со која скокнаа на 6. место на табелата во Западната конференција, но мораа да се помачат за неа, со оглед на тоа што на полувремето губеа со 17 разлика.

Сепак, во продолжението се ставија во брзина и направија голем пресврт, па ја оправдаа улогата на фаворити.

Стивен Кари постигна 39 поени со 8 тројки, 8 скока и 8 асистенции, Џордан Пул додаде 21 поен, а Клеј Томпсон постигна 17 поени.

URL

На другата страна Инграм имаше 26 поени, 8 скока и 7 асистенции, Треј Марфи Трети постигна 21 поен, а Си Џеј МекКолум додаде 15 за Пеликанс.

Remote video URL

Пи Џеј Вашингтон постигна 22 од неговите рекордни во кариерата 43 поени во четвртата четвртина, а Шарлот Хорнетс ја совлада Оклахома Сити Тандер со 137:134 за трета последователна победа.

Тројца играчи на Тандер ги одиграа најдобрите натпревари во кариерата - Ајзеја Џо со 33 поени, Џош Гиди и Џејлен Вилијамс со по 31, но тоа не беше доволно за да избегнат пораз.

Remote video URL

Резултати:

Вашингтон Визардс - Бостон Селтикс 130:111
Атланта Хокс - Кливленд Кавалирс 120:118
Торонто Репторс - Мајами Хит 106:92
Мемфис Гризлис - Орландо Меџик 113:108
Оклахома Сити Тандер - Шарлот Хорнетс 134:137
Голден Стејт Вориорс - Њу Орлеанс Пеликанс 120:109

Табела:

Тагови
реклама

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе