Брисел бара брза и темелна истрага за убиството на бугарската новинарка

Брисел, 8 август 2018 (МИА) - Европската комисија побара брза и темелна истрага за свирепото убиство на бугарската новинарка, Викторија Маринова, нагласувајќи дека „нема демократија без слободни медиуми“, јави дописничката на МИА од Брисел.

„Со голема тага дознавме за убиството на Викторија Маринова. Европската Комисија очекува брза и темелна истрага која ќе ги изнесе одговорните пред органите на правдата и да се разјасни дали убиството е поврзано за нејзината работа“, изјави денеска портпаролот на Европската комисија, Маргаритис Схинас.

Портпаролот потсети дека претседателот на Еврокомисијата, Жан-Клод Јункер, пред еден месец во својот годишен говор истакна дека за ЕУ слободата на медиумите е „света“.

„Новинарите секаде мораат да бидат безбедни и да го даваат својот бесценет придонес за демократските општества“, истакна Схинас.

Ова е четврто убиство на новинар во ЕУ за нешто повеќе од една година, по случаите во Словачка, Малта и Данска.

Европската и Меѓунаордната федерација на новинари исто така побараа од бугарските власти во најбрз можен рок да ги идентификуваат и казнат одговорните и побараа општа европска мобилизација на земјите членки на ЕУ за заштита на новинарите.

„Уште еднаш новинар кој покрива корупција беше грозоморно убиен. Истражувачкото новинарство во Европа се повеќе е во опасност. Време е за акција од страна на државите - не смее да има неказнивост“, изјави генералниот секретар на Меѓународната федерација на новинари, Антони Беланже.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Регион

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more

Вучиќ: Србија може да го напушти Советот на Европа откако беше примено Косово

Read more
 

Вести

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Читај повеќе

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во Cevahir Mall во Скопје

Читај повеќе