Британците открија кои ќе бидат водители на Евровизија 2023

BBC го откри својот избор на водители за овогодинешното издание на Евровизија во Ливерпул.

Тимот од четири водители го сочинуваат Грем Нортон, Хана Вадингам, Јулија Санина и Алеша Диксон.

Како што наведуваат, големото финале ќе го водат сите споменати водители - Грем Нортон, украинската пејачка Јулија Санина, актерката Хана Вадингам и пејачката и водителка Алеша Диксон. Двете полуфинални вечери ќе ги предводи женското трио -Јулија Санина, Хана Вадингам и Алеша Диксон.

Покрај нив на сцената како поддршка ќе бидат и Рилан, Скот Милс, Мел Гидројк, Тимур Мирошниченко и Сем Куек.

URL
Грем Нортон

Популарниот ТВ водител и британски евровизиски коментатор ќе биде дел од водителската постава во финалната вечер. Неговото најпознато шоу, „The Graham Norton Show“, освои БАФТА во 2009 година.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by graham norton (@grahnort)

Хана Вадингам

Хана е британска пејачка, актерка и изведувач во бројни мјузикли на Бродвеј и Вест Енд. Ја освои наградата Еми за улогата во серијата „Ted Lasso“.

Јулија Санина

Јулија беше финалистка во „Танц со ѕвездите“ на Украина и член на жирито во шоуто „Х-фактор Украина“. Во 2016 година учествуваше на Видбир со нејзиниот бенд „THE HARDKISS“ и го освои второто место. Исто така, украинската публика ја избра да биде член на жирито на овогодинешното издание на Видбир и да учествува во изборот на украинскиот претставник во Ливерпул.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Julia Sanina (@the_hardkiss)

Алеша Диксон

Алеша е британска пејачка и ТВ водителка. Кариерата ја започна во бендот „Mis-Teeq“, а подоцна продолжи со успешна соло кариера. Нејзината песна „The Boy Does Nothing“ беше една од најслушаните песни во 2008 година и постигна високи позиции на различни европски топ листи.

Тагови
реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Што да јадете за здрав црн дроб?

Read more

Музика

Првпат по 35 години се продадоа повеќе грамофонски плочи од ЦД-а

Read more

Брано од Dubioza kolektiv демонстрира како звучат питите

Read more

Северина „жари и пали“ на Малдиви, обожавателите ѝ порачаа: Изгледаш како да имаш 25 години

Read more

Шакира конечно откри зошто го провоцира бившиот

Read more
 

Сцена

The Simpsons враќаат озлогласен лик од првата сезона

Читај повеќе
  • play_arrow

Први снимки од снимањето на 6. сезона на The Crown

Читај повеќе
  • play_arrow

КАЈГАНА ПРЕПОРАКА: Зошто треба да ја гледате серијата You на Netflix?

Читај повеќе
  • play_arrow

Официјален трејлер за The Night Agent

Читај повеќе
  • play_arrow

Орландо Блум се распеа среде паб за Свети Патрик

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв трејлер за BEEF, новата серија на Netflix

Читај повеќе
  • play_arrow

10 моменти во Friends во кои се пронаоѓаме и денес

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Disney „рециклираат“ анимации?

Читај повеќе