Британец даде 30.000 фунти во судски трошоци за да не плати казна од 100 фунти

Инженер во пензија досега има платено 30.000 фунти од заштедата во „судската битка за правда“ за пишана казна за брзо возење од 100 фунти.

Ричард Кидвел (71) тврди дека „поради правниот систем кој има многу маани“ тој речиси три години се влече по судови и ги потрошил парите што требало да му ги остави на синот во наследство.

Тој тврди дека погрешно му била измерена брзина на движење од 35 милји на час во зона каде дозволената брзина е 30 милји на час, во 2016 година во Ворчестер.

Јавното обвинителство вели дека во случајот се „заплеткани многу проблеми“ што придонесуваат за одолговлекување на судската постапка.

Кидвел, жител на Јејт во Глочестер, тврди дека „сигурно не возел побрзо од 30 милји на час“ на Њу Роуд во ноември, 2016 година.

„Многу бев изненаден кога неколку дена подоцна по пошта добив казна за брзо возење. Навистина не верувам дека возев побрзо од пропишаното. Едно најобично возење се претвори во кошмар“, вели тој.

Кидвел побарал помош од ексерт за електронски видеонадзор кој пред судот рекол дека можно е камерата за сообраќаен надзор да била активирана од автомобил што поминал со голема брзина во соседната лента или дека можеби имала некаков дефект.

Како и да е, Кидвел четири пати одел во судот во Ворчестер пред да му биде прифатена жалбата. Откако го изгубил случајот, се обратил на повисок суд, но изгубил и таму.

Тој вели дека очекувал постапката да оди побрзо, но по речиси три години и потрошени 30.000 фунти, за него уште нема правда.

Кидвел вели дека жали што потрошил толку пари, но дека само сакал да биде задоволена прадата. Неговата правна битка продолжува, со нови експертски докази.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Чек дис аут

Како да рециклирате пластични шишиња дома?

Read more

Како изгледа животот во државата која официјално не постои?

Read more
Четири типа на пријатели

Четири типа на пријатели кои сите ги имаме

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more
 

Магазин

Како наглата промена на времето ќе ни влијае на здравјето?

Читај повеќе
  • play_arrow

Совршено за велигденскиот пост: Печени компири со грашок

Читај повеќе

Taste Atlas објави листа на најдобрите сирења во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да рециклирате пластични шишиња дома?

Читај повеќе

8 секојдневни намирници што помагаат да се подобри здравјето

Читај повеќе
  • play_arrow

Како изгледа животот во државата која официјално не постои?

Читај повеќе

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Читај повеќе

Едноставна промена на животниот стил може да го намали крвниот притисок

Читај повеќе

Зошто често се чувствувате уморни во текот на денот?

Читај повеќе