Британец ограбен и киднапиран во Маврово

Британски турист кој се возел со велосипед по Маврово, бил ограбен од три непознати лица, кои потоа го врзале и со автомобил го однеле од таму, но тој се ослободил и стапил во контакт со своите родители во Велика Британија, кои се јавиле во македонската полиција да го пријават случајот.

Како што соопшти полицијата, вчера во 6 часот во ПС Гостивар, од Лондон, Велика Британија, било пријавено дека лицето O.M.J. (32) од Холингтон, Велика Британија, кое било во шума во близина на Ново Село, побарало помош.

Околу 7.25 часот полициски службеници излегле на местото при што, помеѓу каменоломите на магистралниот пат Гостивар-Кичево, на ридот било забележано лицето O.M.J., кој пријавил дека врз него било извршено кривично дело „разбојништво“.

Во вторникот, околу 19 часот, движејќи се на наведениот пат со велосипед, на околу 500 метри од крстосницата за „Бунец“-Маврово, бил запрен од три непознати лица кои му побарале пари. Тој им дал 2.000 денари и две кредитни картички, по што две од лицата заминале за Гостивар, а едното лице останало да го чува.

По половина час двете лица се вратиле, а лицето што го чувало со текстилна лента му ги врзало рацете, го внел во возилото и се упатиле кон Гостивар. Оштетениот, кој бил на задното седиште, успеал да извади нож кој го носел со себе, се одврзал и на едно од лицата му задал неколку удари со ножот.

Напаѓачите го запреле возилото, а оштетениот успеал да ја отвори задната врата и избегал во правец на планината. Оттаму, со неговиот мобилен телефон преку социјалните мрежи успеал да се лоцира, од каде неговите родители од Велика Британија пријавиле во полициска станица.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

реклама

Хроника

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе