Британец улови ајкула од 680 килограми
Дваесет и шестгодишниот Бен Бонд од Британија ја улови ајкулата долга седум и пол метри во борба што траела час и половина. Се смета дека ајкулата тешка 680 килограми е најголемата уловена досега во Европа.
Бидејќи се работи за загрозен вид на ајкула, Бен веднаш ја вратил во водата. Тој е горд на неговиот улов што го прославил со кригла пиво.