Живот

Британија го слави 91 роденден на кралицата Елизабета Втора

21. април 2017 - 13:09 | Макфакс

Велика Британија со големи почести денеска го слави 91 роденден на кралицата Елизабета Втора, додека таа тивко го слави во својот дом.

Група на кралската коњаничка артилерија ќе јава пред Бакингемската палата пред да изведе почесна стрелба со 41 пукање во Хајд парк, точно на пладне.

Еден час подоцна и 62 пукања ќе бидат испалени од лондонската кула, пренесуваат британските медиуми.

Коментирај