Британска манекенка киднапирана во Милано и нудена на продажба

Британска манекенка, чиј идентитет не беше објавен, била киднапирана во Милано, а потоа „продавана“ на аукција на нелегални интернет мрежи, соопшти италијанската полиција.

Дваесетгодишната девојка била држена заробена седум дена и дрогирана со кетамин. Киднаперот е идентификуван како Лукаш Херба (30), родум од Полска, со британско државјанство. Тој се обидел да ја продаде манекенката преку интернет за 300.000 евра во биткоини.

Тој успеал да на намами девојката, ветувајќи ѝ фотосесија, а потоа ја дрогирал, ѝ ставил лисици и ја спакувал во куфер. Ја ставил во гепекот на автомобилот и возел кон јужниот дел на Милано, а потоа ја однел на фарма во близина на Торино.

Херба на полицајците им рекол дека имал секс со девојката, па сега се утврдува дали станувало збор за силување или сексуален однос со согласност. Потоа побарал од неа 50.000 евра за да ја ослободи и ѝ се заканувал дека ќе ја убие ако пријави во полиција.

Службите рекоа дека киднаперите во еден момент сакале да ја ослободат бидејќи е мајка на двегодишно дете, а нивното правило било да не киднапираат мајки.

Манекенката стигнала во Милано на 11 јули и набрзо потоа била киднапирана. Истражителите рекле дека киднапирањето било многу добро организирано. За случајот дознале од нејзиниот агент кого киднаперите го контактирале и исто така му барале пари за откуп.

Полицијата долго време го следела Херба, открила каде живее и извршила рација на станот при што биле запленети неговиот компјутер, мобилниот телефон, фотографии и други предмети.

Херба признал сѐ, а полицијата трага по неговиот соучесник бидејќи девојката рекла дека ја киднапирале двајца мажи.

Херба е поврзан со криминалната група „Black Death“ што оперира на нелегалните интернет мрежи познати како darknet.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Свет

ЕУ смета дека Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more
 

Вести

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

ЕУ смета дека Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега

Читај повеќе

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Читај повеќе