Британска репортажа од 1989 година за туризмот во Југославија: Од природни убавини до инфлација

На YouTube неодамна е објавена британска репортажа од 1989/1990 за летување во Југославија, поточно во Хрватска, која детално известува за природните убавини, туристичката понуда, цените, плажите, но и високата инфлација во тоа време.

Репортажата почнува во Опатија и продолжува да раскажува за бројните мали одморалишта до кои може да отидете со автомобил или брод.

Наратор и презентер е британскиот новинар Џон Картер кој исто така се појавува на снимките и зборува за сопствените впечатоци од местата кои ги посетил.

Истакнува дека на плажите нема песок, но дека тоа не им пречи на туристите. Говори и за архитектурата, австроунгарското наследство во Опатија и мешавината на старото и новото.

Кога е во прашање вредноста на тоа што го добивате за потрошените пари, вели дека тој сооднос е одличен за странците благодарение на високата стапка на инфлација и економските проблеми со кои се бори земјата. Открива дека претежно се плаќа во германски марки, но дека примаат и британски фунти.

Remote video URL

Го опишува и секојдневниот друштвен живот и што може да очекувате од локалните кафичи и ресторани.

Репортажата го прикажува и тазе изградениот мост кој го поврзува островот Крк со копното, кој во тоа време бил најголем на Јадранот.

Спомнува и приватно сместување истакнувајќи дека за него никогаш нема да пронајдете никакви брошури во кои однапред може да видите што се нуди, туку за тоа се одлучува на лице место.

„Претходно ги истакнав добрите услови во смисла што добивате за одредена количина пари, но вредноста на одморот може да се мери и на друг начин, не само во пари. Се мери и по количината на уживање и задоволство во секој ден, а верувајте ми дека во секој ден поминат тука ќе добиете многу задоволство”, порачува на крај Картер.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Живот

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more
 

Магазин

Сезона е на јагоди, направете тирамису од ова овошје и кокос

Читај повеќе

Колку често мажите треба да ејакулираат за да го одржат своето здравје?

Читај повеќе

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе