Британска веганска компанија нуди 50.000 фунти за тримесечен пост

/ 13.01.2021 / 20:32

Веганска компанија му нуди на „најголемиот месојадец во Обединетото Кралство“ можност да заработи 50.000 фунти (околу 56.140 евра), доколку стане веган на три месеци.

Имено, Vibrant Vegan неодамна објави дека бара „вегански љубопитен координатор“, т.е. „тврдокорен месојадец“ кој е подготвен да живее без месо најмалку три месеци. Избраното лице ќе мора да потпише договор со кој ќе вети дека нема да консумира храна од животинско потекло и тие три месеци да ги охрабрува другите преку социјалните мрежи да пробаат веганизам.

Доколку се држи до договорот, тој или таа ќе заработи 50 илјади фунти.

Идејата е инспирирана од истражување спроведено на 15.000 месојадци, во кое 34 отсто од испитаниците признале дека се „љубопитни околу веганството“. Заинтересираните се пријавуваат на овој линк. Победникот на конкурсот ќе биде прогласен на 25 јануари, а предизвикот за него/неа, почнува на 1 февруари.

Доколку успее да го издржи тримесечниот пост, кандидатот ќе добие понуда да остане веган цела година. Vibrant Vegan во тој случчај ќе му обезбеди вегански оброци во вредност од 100.000 фунти, под услов да води секојдневен дневник за своите оброци на социјалните мрежи.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Ново

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе
  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе