Лондон, 16 мај 2019 (МИА) – Британските авиони „Јурофајтер тајфуни“ денеска пресретнаа два „Сухој – 27“ и „Иљушин – 22“ над Балтикот и ги следеле кон Русија, соопшти британското Министерство за одбрана.
„Тајфуните“ пресретнаа иста формација авиони и во вторникот, кога руски авиони летале долж балтичкиот брег кон Калинград.
Велика Британија минатиот месец од Германија ја презеде НАТО мисијата за чување на воздушниот простор.
– Посветени сме на одбрана на НАТО границите и ќе ги поддржиме нашите сојузници во одбивање на сите закани, изјави Марк Ланкестер, министер за вооружени сили на Велика Британија.