Фудбал

Британски медиуми: Срцето е скршено, Манџукиќ го згасна сонот на Англија

12. јули 2018 - 8:38 | М.Д.

Фудбалската репрезентација на Хрватска во полуфиналето од Светското првенство во Русија, после пресврт ја победи Англија и ќе игра во големото финале, а медиумите на Островот пренесуваат големо разочарување.

„Срцето повторно е скршено, Англија загуби во полуфиналето од СП. Обидот на Англија да дојде до прво финале на Мундијал уште од 1966 година е завршен во полуфиналето, бидејќи е поразена во продолженијата од Хрватска во Москва“, објави „BBC“.

„Хрватска го уништи сонот на Англија на СП, преку победа во продолженија и резултат од 2:1. Англија имаше почеток од соништата со гол на Трипие во 5 минута од слободен удар, но Хрватска беше посилна во второто полувреме. Перишиќ изедначи во 67 минута, а потоа Манџукиќ го скрши срцето на Англија во 109 минута“, стои на насловната страница на престижниот „Guardian“.

„Англискиот сон на СП е завршен. Манџукиќ постигна погодок кој го скрши срцето на Англија во 109 минута, а Хрватска ја надмина екипата, која во 1998 година го освои третото место, односно сега си обезбеди место во најголемиот фудбалски натпревар“, пишува „Sky Sports“.

„Се е готово. Трите лава се надвор од Светското првенство. Елиминацијата во полуфиналето ни го скрши срцето. Милиони луѓе почнаа да сонуваат после раниот гол во 5 минута, но надежите беа уништени во продолженијата. Англија оди дома“, пишува на „Daily Mail“.

Коментирај