Свет

Британски туристи приведени на Ибица за групно силување

22. јули 2018 - 11:53 | А.С.

Шпанската полиција приведе четворица британски туристи во одмаралиштето Сан Антонио на Ибица под сомнение дека силувале 29-годишна девојка.

Девојката која исто така е Британка го пријавила случајот во полиција и рекла дека била жртва на сексуален напад откако еден од осомничените ѝ дал две пилули од кои ѝ се слошило, објави „Daily Mail“.

Весникот пренесува дека девојката ги запознала четворицата мажи додека била излезена во бар и потоа им се придружила на плажа, пред да се упатат кон нивните станови, кога се пожалила дека не ѝ е добро. Потоа се случило наводното групно силување.

Уапсените Британци се на возраст од 21 до 30 години. Двајца од нив се претпоставува дека се браќа на возраст од 29 и 30 години и тие се задржани во полиција на распит, додека другите двајца се пуштени да се бранат од слобода со платена кауција.

Коментирај