Британскиот Парламент го отфрли Договорот за Брегзит

Лондон, 12 март 2019 (МИА) – Долниот дом на британскиот Парламент вечерва со 391 глас „против“ и 242 гласа „за“ вторпат го отфрли Договорот за Брегзит, што претставува нов тежок удар за обидите на премиерката Тереза Меј за регулирано истапување на Велика Британија од ЕУ.

При првото гласање на 15 јануари, „против“ Договорот се изјаснија 432 пратеници, а 202 беа „за“.

Повеќето од евроскептичните пратеници, кои се изјаснија против документот, изјавија дека „правно обврзувачките“ промени во Договорот, што вчера ги постигнаа Меј и претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер и кои предвидуваа заштитен механизам за „ирската граница“, не биле „доволно убедливи“.

По вечерашното отфрлање на Договорот, се очекува Меј да побара пратениците утре да се изјаснат за можноста за Брегзит без договор, а доколку го одбијат и тоа, в четврток да гласаат за евентално одлагање на британското напуштање на Унијата, предвидено за 29 март.

Во обраќањето до пратениците пред вечерашното гласање, Меј ги повика да го поддржат Договорот, нагласувајќи дека во спротивно е можно Велика Британија да остане во ЕУ.

– Работата е јасна… Оние кои сакаат да дојде до Брегзит, мислам дека треба да знаат оти ако вечерва не го усвоиме овој Договор, ризикуваме Брегзитот воопшто да не се случи, истакна Меј.

Главен спорна точка во Договорот за евроскептичните британски пратеници беше одредбата за „ирската граница“, која предвидуваше статусот на границата меѓу членката на ЕУ, Република Ирска и британската покраина Северна Ирска да остане ист каков што е сега и за време на преодниот период по Брегзит, што би требало да трае до крајот на 2020 година и во кој треба да се најде конечно решение.

Тврдокорните приврзаници на Брегзитот, пред се во редовите на Конзервативната партија на Меј, не се согласуваат со ваквата одредба во Договорот, бидејќи стравуваат дека со тоа Велика Британија би можела да остане „врзана за ЕУ, можеби и на неопределено време“. 

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Читај повеќе

Јакимовски: Најголема шета ѝ се прави на Македонија ако не се излегува да се гласа

Читај повеќе

Одзивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9% повеќе во споредба со претходните претседателски избори

Читај повеќе

Одзивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа

Читај повеќе

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Одзивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а најмалку во Врапчиште

Читај повеќе

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Читај повеќе

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Читај повеќе

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Читај повеќе