Британскиот парламент го отфрли договорот за брегзит

Лондон, 15 јануари 2019 (МИА) – Британската премиерка Тереза Мај доживеа пораз на клучното парламентарно гласање за нејзиниот договор со кој Велика Британија треба да ја напушти Европската унија.

Нејзиниот договор  доби 202 гласови наспроти 432 „против“.

Гласањето еднаш беше одложено во декември откако Меј тоа го побара заради немање поддршка.

Британскиот опозициски лидер Џереми Корбин повика на гласање недоверба на владата на Меј. Гласањето е закажано за утре.

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изјави дека исходот од гласањето во Парламентот на Британија зголемува ризик од брегзит без договор.

„Опасноста од излегување на Лондон без уредени правила по гласањето оваа вечер е зголемена“, нагласува тој во соопштение.

Јункер изрази жалење поради одлуката на британскиот Парламент да не го поддржи договорот кој го испреговара премиерката Тереза Меј со ЕУ партнерите. Тој додаде дека процесот на ратификација од страна на земјите членки на ЕУ сепак продолжува.

Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, од своја страна само куса твитна:

Ако договор не е возможен, а никој не сака без договор, кој ќе има храброст да каже кое е единственото позитивно решение?

По две години преговори помеѓу Брисел и Лондон, кон крајот на минатата година беше постигнат “договор за повлекување“ или “договор за Брегзит“.

Британците треба да ја напуштат ЕУ на 29 март.

По неприфаќањето на договорот можни се повеќе сценарија – од распишување нови избори до нов референдум или дури излегување на Велика Британија од ЕУ без договор, што би можело да доведе до хаос, предизвикан од брзиот прекин на односите со Унијата.

Пред гласањето, последниот ден од дебатата заврши со говор на премиерката и  размена на остри реплики. Меј ги повика пратениците да гласаат за договорот за брегзит што го постигна со ЕУ, нагласувајќи им дека ја имаат таа обврска поради исходот од референдумот во 2016 година.

Правниот советник на владата, сер Џефри Кок, рече дека ако договорот на Мај биде одбиен, земјата ја очекува многу неизвесност. Тој ги обвини пратениците „дека играат со животот на луѓето“.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Read more

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more
 

Вести

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе