Британскиот премиер купи половен автомобил за 2.000 евра

Британскиот премиер, Дејвид Камерон купи половна Nissan Micra за 2.000 евра, а според продавачот, премиерот не добил попуст за зделката.

Продавачот Ијан Харис, кога го добил првиот повик од службата за безбедност на премиерот Дејвид Камерон, мислел дека станува збор за финта што му ја подготвуваат пријателите.

„Ми се претставија и ми кажаа дека премиерот е заинтересиран да ја купи половната сина Micra од мојот плац. Ме замолија да останам половина час подоцна на работа, за премиерот да може лично да дојде и да го погледне возилото што го интересираше“ - вели Харис во разговорот за Guardian.

Иако не верувал, останал половина час подоцна и на големо изненадување, британскиот премиер вистински се појавил во договореното време придружуван од обезбедувањето.

„Претпоставувам дека огласот за автомобилот го видел на Интернет, а сметам дека вниманието му го привлекло тоа што е мал и економичен автомобил направен во Британија“ - вели продавачот, и додава дека премиерот дошол следниот ден да го плати возилото.

Продавачот вели дека разговарал со Камерон како и со секој друг купува, а додава и дека не му дал попуст, туку дека премиерот ја платил целата сума од 1.495 фунти (околу 2.000) евра.

Според Харис, автомобилот е во одлична состојба, има поминато 150.000 километри, а премиерот го купил за својата сопруга.

 

 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Чек дис аут

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Read more

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Read more

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Read more

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Read more
 

Магазин

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе