Британските медиуми разгоруваат расизам, обвинува Стерлинг

Фудбалската ѕвезда Рахим Стерлинг ги обвинува британските весници дека помагаат да се разгори расизмот со начинот на кој пишуваат за играчите црнци, еден ден откако беше мета на расистички навреди во Премиер лигата.

Стерлинг вели дека не ни очекувал ништо подобро по инцидентот во кој неговиот тим Манчестер Сити изгуби со 2:0 од Челзи на Стемфорд Бриџ во саботата.

Инцидентот, во кој навивачи извикуваа расистички нареди кон Стерлинг, беше фатен на камера и снимките беа масовно објавувани на социјалните мрежи, а полицијата, Челзи и Англиската фудбалска асоцијација отворија истраги за случајот.

Во неговата емотивна порака објавена на Instagram, Стерлинг вели дека не му останувало ништо друго освен да се смее на случувањата од саботата, а потоа ги повика медиумите да ги третираат еднакво белците и црнците играчи.

„Во контекст на тоа што се извикуваше на натпреварот со Челзи, како што можете да видите од мојата реакција, не ми остана ништо друго освен да се смеам, бидејќи не очекував ништо подобро“, напиша тој.

Стерлинг објави и два скриншота од објави на Mail Online за тоа дека неговите соиграчи во Сити Тосин Адарабиојо и Фил Фоден купиле куќи.

„Имате двајца млади играчи кои само што ги почнуваат кариерите, и двајцата играат за истиот тим, и двајцата направиле паметен потег со купувањето куќа за нивните мајки кои вложиле многу време и љубов за да им помогнат да стигнат до таму каде што се сега, но видете како медиумите ја пренесуваат веста за младиот црн играч и за младиот бел играч“, напиша тој.

„Сметам дека ова е неприфатливо, и двете објави делуваат сосема невино, нема ништо погрешно, но има разлика во начинот на кој е напишано. Младиот црн играч е претставен во лошо светло. Тоа помага да се разгори расизам и агресивно однесување, па за сите весници кои не сфаќаат зошто луѓето се расисти во денешно време, сѐ што имам да им кажам е да размислат два пати за тоа што значи фер публицитет и да им дадат на сите играчи фер и еднакви шанси.“

За играчот црнец, насловот на Mail Online гласи: „Младиот 20-годишен фудбалер на Манчестер Сити, кој заработува 25.000 фунти неделно, се расфрла со пари за имот вреден 2,25 милиони фунти, иако ниту еднаш не играл во првата постава во натпревар на Премиер лигата“, а за играчот белец насловот е: „Младата ѕвезда на Манчестер Сити Фил Фоден ѝ купи на мајка му нова куќа од 2 милиони долари “.

Реакциите на Стерлинг беа поддржани од неколку поранешни професионални фудбалери, меѓу кои и Гери Линекер, кој на Twitter напиша: „Има поента. Храбар и правилен потег на Стерлинг што реши да прозбори на оваа тема“.

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед и француската репрезентација Патрис Евра исто така го пофали Стерлинг и ги критикуваше настаните од саботата:

„Видов што му се случи на Стерлинг... Како е можно ова уште да се случува во 2018 година?! Не е важна бојата на кожата или религијата или од која земја потекнуваш, мора да бидеме добри и љубезни едни кон други. Љубовта е многу помоќна од омразата“, напиша Евра на Twitter.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Read more

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Read more

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more
 

Спорт

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Читај повеќе
  • play_arrow

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Читај повеќе

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе