Свет

British Airways ги запре своите летови кон и од Кина

29. јануари 2020 - 9:36 | МИА

British Airways ги прекина сите директни летови до и од континентална Кина, откако здравствените власти на Обединетото Кралство предупредија за опасноста од епидемијата на корона вирусот, пренесоа британските медиуми.

Од официјалниот сајт на авиокомпанијата се дознава дека во јануари и февруари нема да има директни летови до Кина.

„Се извинуваме за предизвиканите проблеми, но безбедноста на нашите клиенти и екипажи секогаш е наш приоритет“, соопштија од авиокомпанијата

„Оние кои ќе патуваат до или од Кина во следните денови можат да најдат повеќе информации на нашиот сајт“, додаде компанијата.

Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска ги советуваше своите државјани да не патуваат до континентална Кина, освен ако тоа навистина не им е неизбежно, поради корона вирусот.

Коментирај