Музика

Бритни со порака од психијатриска установа: Ве молам за приватност

24. април 2019 - 17:39 | А.С.

Бритни Спирс се обрати преку Instagram до нејзините фанови кои се загрижени за нејзината добросостојба откако пејачката се пријави во психијатариска установа.

Поп-ѕвездата мораше на ваков начин да испрати порака до јавноста, откако загрижени обожаватели завчера одржаа протест во кој бараа Бритни да биде пуштена од установата каде сметаа дека е држена против нејзина волја и дека некој се обидува да манипулира со неа.

Во краткото видео на Instagram и во пораката објавена со него, некогашната поп-принцеза им порача на фановите дека е во ред и дека е благодарна за нивната љубов и загриженост за неа, но дека нема потреба од паника.

Таа додаде дека нејзиното семејство поминува низ многу тежок период и ги замоли обожавателите да ја почитуваат нејзината приватност.

„Само сакав да ве поздравам со оглед на сѐ она што се зборува и излезе од контрола!!! Има гласини, смртни закани за моето семејство и мојот тим и едноставно се зборуваат многу будалаштини. Се обидувам да си дадам малку време за себе, но сѐ што се случува само ми ги отежнува напорите“, порача меѓу другото Бритни.

Многу славни личности, меѓу кои Мајли Сајрус, јавно ја поддржаа Бритни во нејзините напори да се тргне од јавноста и да се посвети на семејството.

Коментирај