Музика

Бритни Спирс ги обвинува папараците: Намерно ме правите дебела

12. јуни 2019 - 16:29 | А.С.

Поп ѕвездата Бритни Спирс ги обвини папараци фотографите дека намерно ги обработуваат нејзините фотографии за да изгледа подебела и да бидат потрактивни фотките за продавање .

Таа во своја одбрана објави видео во кое покажа како навистина изгледа.

Пејачката реагираше откако бројни медиуми објавија фотографии од нејзиниот престој во Мајами на кои таа е во бикини. Таа вели дека на објавените фотографии изгледа како да има 20 килограми плус.

За да докаже дека е послаба, Спирс објави видео во кое вели:

„Вчера бев на пливање и на папарацо фотографиите изгледам дека сум 20 килограми подебела. Еве, погледнете ме денес, слаба сум како игла. Кажете ми, кој кого треба да осудува?“

Пејачката додаде дека луѓето секогаш веруваат дека славните личности ја лажат јавноста со своите фотографии, а никој не ја преиспитува одговорноста на папараците кои продаваат фотографии што се дигитално изменети.

Фотоагенцијата Mega која прва ги објави спорните фотографии реагираше дека е бесмислена идејата да ги обработуваат папарацо фотките.

„Сметаме дека Бритни изгледа одлично и не сменивме ништо на фотографиите. Направивме илјадници фотографии со неа во текот на викендот и подготвени сме да ѝ ги покажеме оригиналните фајлови ако сака. Беше убаво што можевме да ја видиме среќна и како се забавува и ѝ посакуваме сѐ најдобро“, велат од агенцијата.

Коментирај