Бритни Спирс ја прослави слободата: Како да сум на седмо небо

Откако Судот по 13 години ја ослободи Бритни Спирс од старателството кое над неа и нејзиниот имот го имаше таткото на пејачката, нема крај на нејзината среќа.

„Каков викенд, се чувствувам како да сум на седмо небо. Ја испив мојата прва чаша шампањ во најубавиот ресторан што некогаш сум го видела“, напиша Бритни на Instagram.

Нагласи дека има уште една причина за прослава, нејзиниот роденден кој наскоро се ближи. На 2 декември ќе наполни 40 години, а особено му се заблагодари на нејзиниот адвокат за кој вели дека и го променил животот.

„Ги славам слободата и мојот роденден во следните два месеци. По 13 години мислам дека доволно чекав. Неизмерно сум среќна што мојот адвокат Метју Росенгарт влезе во мојот живот во време кога ми беше најпотребен. Навистина ми го промени животот. Ќе му бидам вечно должна“, додаде Бритни.

Таа им се заблагодари на обожавателите кои ја слават нејзината победа од денот кога Судот ја соопшти одлуката.

„Историјата е испишана, Бритни е слободна“, напиша на Instagram Сем Асгари, свршеник на пејачката.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Музика

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Read more

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Read more

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Read more

Тејлор Свифт за прв пат на листата на милијардери на Forbes

Read more
 

Сцена

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе