Бритни Спирс јавно го моли судот: Си го сакам назад животот

Бритни Спирс, пред судијата одговорен за надзор на нејзиното контроверзно старателство, изјави дека си го сака назад животот и молеше да се стави крај на 13-годишното старателство коешто над неа го има нејзиниот татко.

Молбите на поп-ѕвездата, искажани преку видеолинк на сослушување пред судот во Лос Анџелес, се првото јавно обраќање за судски одобрениот аранжман воведен во 2008 година, откако таа доживеа нервен слом.

39-годишната Бритни во емоционална изјава рече дека старателството е злоставување.

„Само си го сакам мојот живот назад. Не сум овде за да бидам нечиј роб. Трауматизирана сум, несреќна. Не можам да спијам“, објасни таа.

Спирс побара старателството да заврши бидејќи верува дека е малтретирање,

Судијката Бренда Пени изјави дека ќе биде потребна формална претставка предадена на судот во која се бара прекин на старателството пред да може да преземе каква било акција.

Пени ја пофали Спирс затоа што јавно проговори:

„Знам дека ти требаше многу храброст за ова, сакам повторно да ве пофалам што отстапивте за да ги слушнеме вашите мисли, не само јас туку и сите кои се дел од овој случај“, изјави судијката.

Бритни за последен пат директно разговараше со судија во 2019 година, но судот беше затворен за јавноста и нејзиното сведочење беше тајно. Сепак, вчера пејачката изјави дека сака да биде јавно сослушана.

Таа објасни дека сака повторно да се омажи и да има уште деца, но додаде дека има вградена контрацепција и истакна дека не може да оди на лекар за да ја отстрани бидејќи татко ѝ не ѝ дозволува да има уште деца.

Таа има два сина со поранешниот сопруг Кевин Федерлајн, кој го има старателството над децата.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Живот

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Read more

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Read more

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more
 

Магазин

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе