Музика

Бритни Спирс ќе добие свој мјузикл на Бродвеј

13. март 2019 - 19:19 | А.С.

Поп ѕвездата Бритни Спирс ќе добие свој мјузикл на Бродвеј во Њујорк.

Нејзините најголеми хитови ќе бидат дел од музичката претстава насловена „Once Upon A One More Time“ во кој приказната се одвива во читачки клуб во кој членови се прицези од бајките.

Мјузиклот ќе има премиера во Чикаго во октомври, а потоа ќе продолжи да игра на Бродвеј во Њујорк.

„Многу сум возбудена што ќе имам мјузикл со мои песни, особено бидејќи ќе се случува во магичен свет исполнет со ликовите со кои израснав, кои ги сакам и обожавам“, изјави Спирс.

„Ова за мене е остварување на сонот!“, додаде таа.

На нејзината официјална веб страница беше објавено соопштение кое гласи: „Базиран на песните на Бритни Спирс, поп принцезата лично, ONCE UPON A ONE MORE TIME е весел и инспирирачки поглед на предизвиците, изборите и шансите што водат до најнедостижниот завршеток: си живееја среќно заедно до крајот на животот.“

На проектот ќе работат и американскиот драматург Џон Хартмер и кореографите Кеони и Мари Мадрид.

Веста за мјузиклот следи откако Спирс беше принудена да ги откаже редовните настапи во Лас Вегас во јануари, од семејни причини.

Коментирај