Официјална одлука на судот

Бритни Спирс конечно е слободна, судот го укина старателството

Судот во Лос Анџелес конечно го укина старателството, односно посебниот надзор кој 13 години го контролираше животот на познатата поп ѕвезда Бритни Спирс.

„Прекинато е старателството над личноста и имотот на Бритни Џин Спирс“, изјави судијката Бренда Пени по вчерашното рочиште.

Додаде дека сегашниот старател ќе продолжи да работи на решавање на тековните финансиски проблеми во случајот. 39-годишната пејачка го молеше судот да го раскине правниот аранжман кој од 2008 година ги регулираше нејзиниот личен живот и имот вреден 60 милиони долари. Таа не беше присутна на рочиштето во петокот.

Нејзините обожаватели пред судот ја прославија одлуката за нејзината слобода и го испееја хитот „Stronger“.

Старателството или посебниот надзор беше во рацете на нејзиниот татко откако таа доживеа јавен психички слом и беше на лекување за ментални проблеми, чии детали не се објавени.

Никој од вклучените во надзорот над неа во петокот не се спротивстави на барањето за прекинување на старателството.

Клучното прашање беше дали судијката ќе побара Спирс да добие процена на менталното здравје, што е чекор кој често се презема пред завршување на старателство, но таа тоа не го направи.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Музика

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Read more

Бијонсе разголена за новиот албум

Read more

Како Фахрета Јахиќ стана Лепа Брена?

Read more

Северина: Секоја средба со Македонија остава длабока трага во моето срце

Read more
 

Сцена

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Читај повеќе
  • play_arrow

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Читај повеќе

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Читај повеќе

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Почина Мирко Попов

Читај повеќе