Бритни Спирс се враќа на музичката сцена.

Јавноста наскоро ќе може да го слушне нејзиниот дует со Елтон Џон, односно преработка на неговата песна „Tiny Dancer“ од 1971 година.
Како што дознава Page Six, тие снимале минатата недела во студио во Беверли Хилс. Universal Music ќе го објави синглот следниот месец.
„Ова беше негова идеја, а Бритни го сака. Снимија кавер на легендарниот сингл ‘Tiny Dancer’ и навистина звучи неверојатно. Работеа со продуцентот Ендру Ват“, изјави неименуван извор за Page Six.

Тој додал дека ова дефинитивно ќе биде хитот на летото и дека Бритни се радува на големиот камбек. Последниот нејзин сингл „Slumber Party“ го објави во 2016 година.
Минатата година, магазинот Rolling Stone ја вброи песната на Елтон „Tiny Dancer“ меѓу 500-те најдобри песни на сите времиња, рангирајќи ја на 47-то место.