Брнабиќ: Ќе помогнеме, понудивме македонските лекари да можат и во Србија да се вакцинираат

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека Србија сака да им помогне на околните земји во однос на вакцинацијата против коронавирусот, потсетувајќи дека претседателот Александар Вучиќ и премиерот на Северна Македонија Зоран Заев се договориле Србија да ѝ помогне на Македонија со 8.000 дози.

Таа за ТВ каналот Happy изјави дека задачата на Владата на Србија за помош на земјите од регионот е дадена од претседателот Александар Вучиќ, со образложение дека „ако нашите граѓани се вакцинираат, а нашето соседство нема вакцина и не е среќно, не можеме ниту ние да напредуваме“, јави дописникот на МИА од Белград

Брнабиќ изрази уверување дека вакцината од ЕУ ќе дојде не само во Србија, туку и на целиот Балкан, потсетувајќи колку е тешка ситуацијата за борбата за вакцините.

– Србија помага и во регистрирањето на вакцините во Северна Македонија и на таа соседна земја ѝ е понудено лекарите од црвената зона да дојдат во Србија и да се вакцинираат тука, кажа Брнабиќ.

Што се однесува до Албанија, Брнабиќ кажа дека премиерот на таа земја (Еди Рама) кажал дека примиле 975 вакцини, што значи половина од бројот на луѓе кои можат да се вакцинираат, без дури да прецизира точно од која држава, туку дека е од некоја земја членка на ЕУ.

– Постои огромна борба за вакцините, може да има проблем, не станува збор само за купување и доставување на вакцината, потребна е регистрација, план за вакцинација, кажа Брнабиќ.

Брнабиќ смета дека не е можно да се воведе ковид пасош, од две причини – пред сè, затоа што тоа би било голема дискриминација, а втората причина, е што Германија и Франција, кои се важни земји во ЕУ и без кои таа одлука неможе да биде можна, се спротивставуваат на ковид пасошите.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Регион

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Read more

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more
 

Вести

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе