Брнабиќ: Најлош ден за Србија, заразени 386, починати 18 лица

Белград, 10 јули 2020 (МИА) – Во Србија денеска се потврдени 386 заразени и 18 починати лица од новиот коронавирус, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ, додавајќи дека резултатите од протестите ќе се видат во следните денови.

Фото: Танјуг

– Денеска е најлош ден од почетокот на борбата против коронавирусот, и поради тоа сакав лично да им се обратам на граѓаните. Во изминатите 24 часа починаа 18 луѓе, 130 се наоѓаат на респираторни машини и од 8.646 тестирани имаме 386 новозаразени лица. Најкритично е во Белград, а потоа следуваат Шабац, Крагуевац и Нови Пазар, истакна премиерката.

Според неа, ова е резултат на недисциплината од пред пет-шест дена, а резултатите од протестите ќе се видат за три-четири дена.

– Нема да се двоумиме за воведување рестриктивни мерки за да го зачуваме здравјето на луѓето. Мое мислење е дека најефикасна мерка е воведување на вонредна состојба и забрана за движење, но се трудиме овојпат да имаме поинаков пристап бидејќи ова е борба која ќе трае долго, порача Брнабиќ.

Сепак таа изрази верување дека резултати можат да се постигнат и без најтешки мерки.

– Ве молам луѓе, ќе изумрат и останатите пациенти. Ги молам граѓаните во ова да бидеме заедно, овој вирус е таков и борбата е на сите нас одделно. Во овој момент граѓанска одговорност е да не се собирате во толкав број на јавно место. Јас ви гарантирам дека голем број од учесниците на протестите ќе бидат хоспитализирани. Кога ќе го победиме заедничкиот непријател, тогаш можеме да ги водиме сите останати политички борби, изјави Брнабиќ.

Таа нагласи дека влошувањето на епидемиолошката ситуација е видливо во целиот регион.

Remote video URL
Сè потешки случаи на COVID-19, пациентите остануваат долго на болничко лекување

Меѓу 150 и 200 Ковид пациенти во Белград дневно имаат потреба од болничко лекување, а од тоа, 10 отсто се за прием на Одделите за интензивна нега, изјави денеска директорот на белградската Клиника за инфективни и тропски болести Горан Стевановиќ.

Пред новинарите во Белград тој изјави дека сега во болниците пристигнуваат пациенти со потешка клиничка слика, чие лекување трае подолго. Стевановиќ вели дека здравствените установи во Белград на дневно ниво од болница отпуштаат по 60 до 70 пациенти, а дневно примаат меѓу 150 и 200, што значи дека српската престолнина секој ден е во недостиг на нови близу 100 места во ковид болниците.

– Пополнетоста на капацитетите во болниците во Белград е речиси 100 отсто. Кога пациентите се отпуштаат, само се заменуваат со нови пациенти, појасни директорот.

Тој истакна дека ковид болниците брзо се полнат и во останатите делови на Србија, и ако граѓаните не ги почитуваат мерките, набрзо во целост ќе се пополнат капацитетите.

– После тоа нема да имаме можност да примаме пациенти и да им пружимем минимум нега, а не пак соодветно лекување, потенцира Стевановиќ.

реклама

Кој го вооружува Хамас?

Read more

Што може израелскиот антиракетен систем „Железна купола“?

Read more

Контроверзниот еротски филм „365 Days “ сепак ќе добие уште две продолженија

Read more

Како ќе изгледа фабриката за вакцини во Србија?

Read more

Регион

Како ќе изгледа фабриката за вакцини во Србија?

Read more

Бугарија: Отворени сме за дијалог со С. Македонија, состанок кога ќе се исполнат потребните услови

Read more

Во Службен весник на Грција објавена одлука за граничните премини, за државјаните на С. Македонија дозволен влез

Read more

Ципрас: Без Договорот од Преспа ќе имавме нестабилни соседи

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Како ќе изгледа фабриката за вакцини во Србија?

Читај повеќе

Нови воздушни напади во Појасот Газа, загинати и повредени десетици деца

Читај повеќе

Дневен КОВИД биланс: 62 нови случаи, 245 оздравени и 14 починати лица

Читај повеќе

Термини за вакцинирање добија сите граѓани над 40 години од Скопје кои се пријавија на веб-страницата

Читај повеќе

Кој го вооружува Хамас?

Читај повеќе
  • play_arrow

Жените во новинарството често пати мета на сексистички напади

Читај повеќе
  • play_arrow

Што може израелскиот антиракетен систем „Железна купола“?

Читај повеќе

Приоритет во вакцинирање постарите, хронично болните и стопанствениците

Читај повеќе

Сончево со умерена облачност и потопло

Читај повеќе