Брнабиќ: Од утре почнува масовна вакцинација на граѓаните во Србија

Српската премиерка Ана Брнабиќ најави дека утре во Србија ќе започне масовна вакцинација на граѓаните против коронавирус, јави допсникот на МИА од Белград.

Брнабиќ изјави дека од утре ќе се вакцинираат просветните работници, припадниците на армијата и полицијата, како и новинарите.

Таа оцени дека претставниците на медиумите, особено медиумските работници кои се постојано на терен, биле вклучени во приоритетната група, на апел на медиумските здруженија, но и на барање на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Брнабиќ апелираше до сите да аплицираат во што поголем број.

-Веќе започнавме да ги покануваме лицата кои изразија интерес да бидат вакцинирани. Ве молиме, аплицирајте што е можно повеќе, колку побрзо и поефикасно го правиме ова, толку побрзо ќе се вратиме во нормалниот живот, изјави Брнабиќ, објавија од срската Влада.

Таа изрази очекување дека во здравствен смисол во текот на 2021 година, Србија ќе се врати на нормалниот живот пред пандемијата на коронавирусот.

Брнабиќ упати специјална молба до просветните работници да аплицираат за вакцинирање во што поголем број и изјави дека тоа е единствениот начин да им се овозможи што е можно подобро да ја завршат својата работа, истовремено заштитувајќи го своето и здравјето на нивните семејства. 

Во Србија досега за вакцинација се имаат пријавено 324.728 граѓани, од кои 40 отсто се изјасниле дека сакаат да ја примат руската вакцина Sputnik V, додека вакцината на компанијата Pfizer сакаат да ја примат 28 отсто.

– Повеќето граѓани кои аплицираа за вакцинација ја сакаат руската вакцина Sputnik V – 40 отсот од нив, 28 отсто ја сакаат вакцината на Pfizer, а 32 отсто изјавиле дека им е сеедно која вакцина ќе ја примат. Тие најверојатно ќе ја добијат кинеската вакцина Sinopharm, чие одобрување во Агенцијата за лекови и медицински помагала се очекува секој час, а дистрибуцијата до здравствените домови и пунктовите за вакцинација ќе почне уште денеска, за утре да почне масовната вакцинација, изјави за Kurir државниот секретар во Министерството за здравство Мирсад Ѓерлек.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Регион

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Read more

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more
 

Вести

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе