Брнабиќ: Ситуацијата на Косово е најсериозна досега, Курти сака да започне војна

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, истакна дека ситуацијата на Косово е најсериозна досега, бидејќи очигледно премиерот Албин Курти сака етничко чистење на Србите и да предизвика конфликт со Белград.

„Тоа е затоа што ми се чини дека Курти нема друг избор или излез од својата политика, освен да предизвика вооружен конфликт, односно војна со Белград и затоа е најдрскиот и најневнимателниот досега. Затоа што тој е целосно турнат до ѕидот и тоа е неговиот единствен излез“, рече таа, зборувајќи за Euronews.

Од друга страна, таа нагласи дека „во наш интерес е претседателот на Србија, Александар Вучиќ, да се труди да го зачува мирот“.

Со тоа што, како што додаде таа, не смее да се дозволи малтретирање на српскиот народ на Косово, како и конфискација на имот и немање каква било правна сигурност, пренесуваат српските медиуми.

Таа напомена дека животот на Србите на Косово е исклучително тежок.

„Апсолутно сè води до она за што зборуваше и Александар Вучиќ во Советот за безбедност на Обединетите нации, а тоа е свесно провоцирање и создавање невозможни услови за живот на Србите на Косово, при што Албин Курти свесно предизвикува етничко чистење, а тоа сега им е јасно на сите“, нагласи таа.

Според неа, голем проблем е што сето ова се случува под будното око на меѓународната заедница, тоа се ЕУЛЕКС и КФОР.

Таа нагласи дека е оптимист што конгресменката Клаудиа Тени од редовите на републиканците испратила писмо до американскиот државен секретар Ентони Блинкен во кое прашува што ќе направат Соединетите Американски Држави бидејќи се загрозени правата на Србите на Косово.

реклама

Кафе едно евро, вино две: Која е европската дестинација со рајски плажи?

Read more

Израел: Ни се пружи прилика, го убивме началникот на иранската армија

Read more

Европа пред нова автомобилска револуција

Read more

Полицаец предупредувал казина и локали кога ќе има полициски и финансиски контроли

Read more

Регион

Опозицијата загуби од Вучиќ за 51 глас, студентите излегоа на улица

Read more

Вештак открива детали за момчето-убиец од Белград: Сакал да биде психопат

Read more

Вучиќ се обрати од терасата на Претседателството

Read more

Bloomberg: Трамп сака да депортира мигранти во Србија

Read more
 

Вести

Растат платите во ЕУ, дали ќе пораснат и цените?

Читај повеќе

Зошто Путин го прати Шојгу во Северна Кореја?

Читај повеќе

Уште еден земјотрес почувствуван во Охрид и Струга

Читај повеќе

Израел: Ни се пружи прилика, го убивме началникот на иранската армија

Читај повеќе

На средношколците во Италија им е забрането да користат мобилни телефони на час

Читај повеќе

ЕУ се откажува од увозот на руски фосилни горива и покрај ветото на Унгарија и Словачка

Читај повеќе

Нетанјаху: Израел има две цели во Иран

Читај повеќе

Крај дилерското царство: Европол го разби најголемиот пазар на дрога на темната мрежа

Читај повеќе

Уапсен скопјанец, возел со 2,57 промила алкохол во крвта

Читај повеќе