Брнабиќ: Вакцинирањето на граѓаните од регионот нема да продолжи

Покажавме дека сме солидарни во најтешките можни времиња – на Северна Македонија ѝ испративме 8.000 вакцини на Pfizer и 40.000 вакцини Спутник V, што е за 24.000 граѓани, изјави српската премерка Ана Брнабиќ на TV Prva.

Брнабиќ додаде „дека ова нема никаква врска со политиката, но се надева дека ова ќе нѐ зближи во иднина“.

„Народот од тие земји ја гледа таа подадена рака. Среќна сум што Србија е препознаена да може тоа да го направи и како единствена земја во светот што има таков вид солидарност.“

Таа најави дека во Србија утре пристигаат 106.470 вакцини Pfizer и 500.000 Sinopharm, додавајќи дека вакцинирањето на граѓаните од регионот нема да продолжи, но дека и во иднина помошта ќе се дава.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, утрово медиумите повикувајќи се на одлуката на Министерството за здравство, објавена во Службен весник, објавија вест дека граѓаните на Република Србија кои планираат да патуваат во странство за време на Велингденските празниците, мора да имаат предвид дека кога ќе се вратат ги чекаат нови правила. Како што беше соопштено, одлучено е дека по враќањето од Црна Гора, Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Унгарија, за српските граѓани задолжителен е PCR тест.

Премиерката Ана Брнабиќ го демантираше ова, изјавувајќи дека ваквата вест ја изненадила.

„Не е точно, немаме променето. Оние кои се ревакцинирани можат да влезат без PCR тест. За сите други на кои не им е потребен PCR тест, се државјани на Мини Шенген – Северна Македонија, Албанија, плус Унгарија и Бугарија“, изјави Брнабиќ.

Таа најави дека од утре во Србија делумно се ублажуваат епидемиолошките мерки.

„Од утре, угостителските објекти на отворено ќе работат до 22 часот. Малку ги олеснуваме мерките, не премногу“, реча таа, наведувајќи дека 26 отсто од возрасните граѓани се вакцинирани со една доза, додека околу 19 отсто е ревакцинирани.

„Се надевам дека ќе го вратиме животот во нормала до крајот на јуни“, рече Брнабиќ.

Брнабиќ се осврна и на корона орото кое повторно се случи синоќа пред споменикот на Стефан Немања во Белгад.

„Што се однесува до орото кај споменикот на Стефан Немања – покажавме дека никогаш нема да апсиме луѓе и да ги приведуваме за непријавени собири ако се мирни. Имавме непријавени собири во минатото што траеја со месеци. Не можам да го користам својот субјективен поглед за собирот – и ова беше непријавен митинг, жал ми е што се одржа, но беше мирен. Можеме да апелираме тоа да не се случува“, рече српската премиерка.

Што се однесува до антиваксерите, пак, според неа, тие ја загрозуваат националната безбедност.

„Антиваксерите на социјалните мрежи ги загрозуваат безбедноста и животот на луѓето, шират паника, лажни вести и затоа ги уапсивме. Мислам дека тоа беше исклучително важна порака. Државата не може да апси луѓе кои размислуваат поинаку, а мирно се собираат на улиците“, изјави Брнабиќ.

Како што кажа таа, од петте антиваксери кои се приведени, едно лице било вакцинирано, а истовремено ширело лажни вести против вакцинацијата.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе