Бројките загрижувачки, ова се новите предлог-мерки

Скопје, 17 октомври 2020 (МИА) – Поради високата стапка на новозаболени од COVID-19, Комисијата за заразни болести вчера донесе нови предлог-мерки.

Новите предлог-мерки предвидуваат забрана за организирање на настани, скратување на работното време на сите економски субјекти до 23 часот, како и работа на јавниот превоз со капацитет до 50 отсто. Надлежните уверуваат дека постојат механизми за справување со вирусот, но во никој случај нема да се носат одлуки кои ќе и наштетат на економијата.

За воведување на полициски час засега не се размислува, но во идниот период сите мерки стојат на располагање.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека очекува новите предлог-мерки да ги разгледува Владата во понеделник, а за претходните предлог-мерки пак, потребни се одредени законски измени.

-Согласно важечките уредби со законска сила, потребно е да се направат законски измени за претходните мерки. Законот е веќе во собраниска процедура и очекуваат следната недела да се изгласаат претходните предложени мерки како задолжително носење маски на отворено, забрана за групирање по 22:00 часот и забраната за домашни посети, изјави Филипче, со цел како што додаде, инспекторите и МВР да можат да постапуваат во однос на контрола и преземање санкции.

Министерот се надева дека со овие предлог мерки ќе се намали ризикот од трансмисија на вирусот, иако како што рече, сериозен процент од новозаразените не можат или не знаат да кажат каде се заразиле.

Во однос на високиот број на новозаразени, надлежните сметаат дека и во регионот и во Европа се зголемува бројот на новодијагностицирани случаи, и е нешто што се очекувало согласно есенскиот бран.

Сепак во моментов не се размислува за воведување на полициски час. Епидемиолошки пак, постои таа идеја, доколку сите други можности бидат исцрпени.

Во ниту една Европска дружава нема полициски час, освен во Франција, посочи вчера претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски, кој нагласи дека и во следните денови ќе се следи бројот на позитивни случаи со цел да бидат предложени нови мерки.

– Анализата на епидемиолошките податоци во последниве три дена кога имаме драстично зголемен број на позитивни лица укажува дека одредени настани кои што се случиле во нашето секојдневно опкружување се главниот промотор на поголем број на случаи, тоа значи настаните, тоа значи концертите, тоа значи забавите, се она што го видовме на телевизија, групирањето и непочитувањето на мерките или непочитување во таа смисла што никој не носеше маска, образложи претседателот на Комисијата.

Караџовски појасни дека станува збор за типичен есенски бран на COVID-19 предвиден уште пред неколку месеци, и испрати апел до јавноста строго да се почитуваат мерките со цел да се спречи ширење на епидемијата.

Надлежните уверуваат дека постојат механизми за справување со вирусот и дека нема да се носат одлуки кои ќе ѝ наштетат на економијата.

Премиерот Зоран Заев вчера посочи дека сите сугестии од Комисијата за заразни болести ќе ги почитува, уверувајќи дека Владата има можност и да прогласи кризна состојба согласно законот. Членовите на Комисијата според него, се стручни луѓе и верува дека со законските измени мерките ќе се воведат и истите ќе се почитуваат.

– Сите нови сугестии кои ќе дојдат од Комисијата ќе ги почитуваме. Нема да дозволиме ние како политички субјекти да носиме одлуки, кои ќе прават штета на економијата и нема да имаа ефект на намалување на бројките. Членовите на Комисијата се стручните луѓе, но се и општественици, кои ги слушаат и ги следат реакциите. Бројките растат вртоглаво во светот во регионот, рече Заев.

И министерот за правда Бојан Маричиќ вчера испрати апел да се почитуваат мерките и препораките за побрзо да се преброди кризата со COVID-19. Заложбата на Владата е да мерките да бидат минимални и само кога е нужно за заштита на здравјето.

Вчера Министерството за здравство информира дека последните 24 часа биле направени 2.306 тестирања, а регистрирани биле 438 нови случаи на COVID-19. Институтот за јавно здравје регистрира 191 оздравени пациенти, а во болнички услови починати се шест лица.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Македонија

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Read more

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Read more

Почна реконструкцијата на стариот пешачки мост на Вардар

Read more

Приватните специјализанти на протест пред Министерството за здравство

Read more
 

Вести

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Читај повеќе

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во Cevahir Mall во Скопје

Читај повеќе