Бројот на странски туристи во Македонија лани поголем за 12,2 отсто

Скопје, 12 февруари 2019 (МИА) – Република Македонија во минатата година ја посетиле 1.491.535 странски туристи кои оствариле 3.176.808 ноќевања. Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, бројот на странски туристи бележи раст од 12,2 отсто, а бројот на ноќевањата за 15,2 проценти.

Објавените податоци покажуваат дека во декември лани Македонија ја посетиле 36.068 странски туристи, најпосетено било Скопје, а според сместувачките капацитети престојувале најмногу во хотели со четири ѕвезди каде се сместиле 15.215 туристи, но и со пет ѕвезди 12.067 туристи.

Бројот на туристите во декември 2018 во однос на декември 2017 година бележи раст од 9,6 отсто, а бројот на ноќевањата 9,8 отсто. Бројот на домашните туристи во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, е зголемен за 9,5 отсто, а бројот на странските туристи е зголемен за 9,7 отсто.

Бројот на ноќевања на домашните туристи во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, е зголемен за 5,3 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 13,1 отсто.

Најзастапени туристи во декември биле граѓаните од регионот. Од Бугарија ја посетиле 7.541 турист, од Грција 5.351, Србија 3.134, Албанија 2.654, Турција 2.358 и од Косово 1.725 туристи.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе