Бројот на заболени од COVID-19 и натаму висок, да се почитуваат мерките за заштита

Нови 1.192 случаи со COVID-19 од 3.211 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Починати се 22 пациенти од кои осум од Скопје (78 г., 78 г., 61 г., 60 г., 81 г., 70 г., 84 г. и 51 г.), двајца од Штип (80 г. и 80 г.), еден од Прилеп (65 г.), двајца од Тетово (41 г. и 66 г.), двајца од Велес (75 г. и 57 г.), двајца пациенти од Битола (71 г. и 66 г.) и двајца од Охрид (54 г. и 73 г.), еден од Гостивар (72 г.), еден од Крушево (81 г.) и еден од Пехчево (53 г.).

Вкупниот број Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 35.097, бројот на оздравени пациенти е 22.024, на починати е 1.071, а бројот на активни случаи изнесува 12002.

Есенскиот бран на COVID-19 ги наполни и болниците. Хоспитализирани се 844 пациенти од кои 130 се на кислородна поддршка, а двајца се на респиратор.

Зголемени се капацитетите за тестирање за COVID-19 во јавните здравствени установи. Сите државни лаборатори располагаат со доволен број тестови за COVID-19, а значително се зголемени и капацитетите на државните лаборатории кои вршат тестирање.

Сите интерни клиники во рамки на Клиничкиот центар, како што информираа од Министерството за здравство, се подготвени да примаат ковид пациенти и нема да запрат со нормалната работа, односно со интервенциите на дневна основа. Обезбедени се 150 болнички легла и кадарот е подготвен да работи со ковид пациенти, но нема да изостане и тековната работа со третман на пациенти на дневна основа кои не се со COVID-19.

Во Институтот за белодробни заболувања веќе има ковид пациенти, а на располагање се и останатите интерни клиники. Дополнително околу 180 специјализанти од внатрешноста и Скопје се враќаат во матичните клиники со што ќе се направи реорганизација на работата и ротации на персоналот за да може пациентите да ја добијат соодветната грижа, посочуваат од Министерството.

Во рамки на напорите за спречување на ширењето на COVID-19, Владата донесе нови мерки меѓу кои се и тие кои се однесуваат на скратување на работното време на угостителските објекти до 21 часот, освен за достава и шалтерска продажба на храна.

Оваа одлука, како што појасни на прес-конференција владиниот портпарол Душко Арсовски, важи и за угостителските објекти на бензинските станици, а исклучени се хотелските ресторани за гостите сместени во хотелите.

Донесена е и одлука за забрана за групирање на повеќе од четири лица на јавен простор по 21 часот и домашните и странски граѓани по 21 часот да не се движат на јавен простор доколку немаат важни и неопходни потреби. Се препорачува граѓаните да не се групираат во домовите по повод семејни прослави, слави или други собири во групи поголеми од четири лица што не живеат во иста заедница.

Граѓаните задолжително треба да носат маска во затворен простор и на отворено. Носењето маска на отворено има исклучоци при спортување на отворен простор, при возење во приватно патничко возило, ако возачот е сам или со лице со кое живее во заедницата, при престојување во двор во семејна куќа со лица од истата семејна заедница, или во угостителски објект каде се применуваат специфичните протоколи за заштита.

реклама

Неделен хороскоп: Кого го очекува љубовна криза, а кој ќе заработи пари?

Read more

Oткриени повеќе од 2.000 мумифицирани глави на овни во чест на најмоќниот фараон

Read more

Каде беше досега Џек Ма?

Read more

Ирина Шајк, поздрав од одмор

Read more

Македонија

МЗШВ: Замрзнувањето на цените на овошјето и зеленчукот нема да влијае на откупните цени

Read more

Три од четирите барања на Сојузот на средношколци се прифатливи за МОН

Read more

Лога: Ќе поднесам барање за екстрадиција на Груевски

Read more
benzinska.jpg

Цената на дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Read more
 

Вести

МЗШВ: Замрзнувањето на цените на овошјето и зеленчукот нема да влијае на откупните цени

Читај повеќе

Приведен француски државјанин осомничен за тешка кражба во Скопје

Читај повеќе

Три од четирите барања на Сојузот на средношколци се прифатливи за МОН

Читај повеќе
  • play_arrow

Каде беше досега Џек Ма?

Читај повеќе

Лога: Ќе поднесам барање за екстрадиција на Груевски

Читај повеќе

Саудиски гигант и Кина се договорија за огромен нафтен проект

Читај повеќе

Како Вучиќ сфатил дека ќе има војна во Украина без Путин да му каже директно?

Читај повеќе
benzinska.jpg

Цената на дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Читај повеќе

Судењето против Латас и Лазаров се одложи за 10 мај

Читај повеќе