
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски излезе на прес-конференција во врска со трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Тој извести дека според последните достапни податоци, бројот на жртви се искачил на 59 од кои 35 се идентификувани, а меѓу нив и полициски службеник од Пробиштип кој ноќта бил службено ангажиран.
Од идентификуваните, 31 лице се од Кочани, 4 се од Штип.
Бројот на повредени е искачен на 155.
Mинистерот Тошковски изјави дека со над 10 лица се извршени разговори, а за 4 лица е распишана централна потерница. Не даде повеќе детали за избеганите кои ќе ги бараат со потерница.
Ангажирани се полициски службеници кои ги обезбедуваат болниците во кои се згрижени повредените и ќе земаат изјави од оние кои се контактибилни.
Posted by Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme on Sunday, March 16, 2025